Градоначалникот на Бутел негативен на корона вирусот

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски, преку „Фејсбук“ соопшти дека добил негативни резултати на тестовите за Ковид-19.

„Сакам да ве информирам дека двата теста, кои ми беа направени преку брис и преку крв, се негативни и не чувствувам никакви симптоми.

Додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите од Институтот за јавно здравје, останувам во самоизолација и ќе го почитувам препорачаниот рок за самоизалоција“, напиша Смилевски.

Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките во борбата против коронавирусот.