Градоначалникот на Бутел на работа со автобус

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, вчера по препораките на Град Скопје поради енормното загадување на територијата на Скопје го користеше превозот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Градоначалникот Смилевски исто така апелира до граѓаните на Општина Бутел и до општинската администрација да го користат бесплатниот превоз на ЈСП.