Градоначалникот Коневски одликуван со орденот „Св. Климент Охридски“

Денеска, 4.4.2017 година, во просториите на Македонската архиепископија поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан му го додели орденот „Св. Климент Охридски“ од трет ред на градоначалникот Ивица Коневски.


Градоначалникот Коневски, како што беше речено, високото одличје го доби за неговиот придонес, како и успешната и секогаш конструктивна соработка со Македонската православна црква, поточно со Скопската Епархија.


За време на доделувањето на орденот се читаше образложението за што се одликува со овој бронзен орден: „Одличието Орден на „Св. Климент Охридски“ од трет ред се доделува на градоначалникот г. Ивица Коневски за неговото залагање и придонес во изнаоѓањето решение за потребите на Скопската православна епархија за изградба на потребни храмови на територијата на Општина Аеродром“.