Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од Кисела Вода

Денеска градоначалникот Филип Темелковски оствари работна средба со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од општина Кисела Вода.

На почетокот на состанокот, градоначалникот Темелковски во своето обраќање пред претставниците на правните субјекти нагласи дека е задоволен од досегашната успешна соработка со дел од фирмите и дека се радува што во неговиот мандат истите ја имаат подигнато опшествената одговорност.

Темелковски истакна дека бизнисмените ќе ја имаат поддршката од Општината, но и дека се надева на нивна поддршка во развојот на Кисела Вода.  

Присутните имаа можност пред градоначалникот да ги претстават потребите и проблемите со кои се соочуваат. Покрај ова, тие од страна на претставници од Управата за јавни приходи беа информирани за Законот за донации и за промената на Законот за даноци.