Градоначалниците остануваат на своите функции до октомври?!

Талат Џафери и претставниците на политичките партии се договориле мандатот на сегашните градоначалници и советници да биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците.

На координација со парламентарните политички партии присутвуваа претставници на СДСМ и коалицијата, ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, но не претставник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Република вчера објави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на координaцијата кај, како што велат, нелегално избраниот Талат Џафери. За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.

Во соопштението по координацијата стои дека партиите се договориле дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците.