Градинките во Карпош овој септември нема да работат во две смени

Градинките во Карпош овој септември нема да бидат во можност да работат во две смени поради немањето соодветни услови и капацитети, информираат од Општината.

– Не ни е јасно како замислувате да работи втора смена до 21:30 часот, затоа што секој што работи во смени, работното време му завршува или во 22:00 или во 23:00 часот, што значи дека објектите заедно со персоналот мора да функционираат до полноќ. Во моментов сите наши објекти имаат недостаток на негователки, воспитувачи и помошен персонал. Да се одвои дел од персоналот и да се прераспредели во втора смена и секоја прва сабота во месецот, ќе биде на штета на децата кои  се веќе згрижени – пишува во дописот до Министерство за труд и социјална политика, на кој е потпишан градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.