Градинките од 1 септември ќе работат втора смена

Од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот.

Таа соопшти дека денеска за ова повторно се информирани градинките. Оваа новина ќе предизвика вработување дополнителен кадар, за што Министерството за труд и социјална политика ќе излезе во пресрет.