Градежниот синдикат против општината, жителите на Карпош во опасност поради изградбата на зградата

Со Деталниот урбанистички план кој се спроведува во општина Карпош, се кршат правата на жителите, велат од Независниот градежен синдикат. Уверуваат дека животот на жителите на Трнодол, Жданец, Нерези и околина, е загрозен поради зграда која треба да се гради, а која може да предизвика одрон на земја.

Општината не работи за зачувување на безбедноста на граѓаните и проектот веднаш треба да се стопира, порачуваат од синдикатот.

Од Синдикатот на градежни работници и инженери, велат дека би било подобро доколку градежните активности се изведуваат со пософистицирана машинерија, односно со механизација која копа длабоко 15 метри и не ја нарушува стабилноста на околната земја. Меѓутоа, оваа машинерија е скапа и нема да се искористи за оваа градба, уверува претседателот на Синдикатот, Трајковски. Жителите на населбите Трнодол и Жданец изготвија протесна претставка што вчера ја доставиле до градоначалникот и до советниците на Општина Карпош. Во граѓанската претставка тие велат дека се незадоволни од предложениот нов ДУП за Трнодол, за дел од Козле и за Шпанско село со кој се планира нова градба, која според нив е несоодветна по својот габарит на квалитетот на земјиштето, кое е подложно на ерозија и лизгање. Пред неколку дена градоначалникот на Карпош Стефан Богоев порача дека на местото, кај таканаречениот „чатал“ помеѓу патот за Трнодол и патот за Жданец нема да има зграда. Тој тврди дека  во Деталниот урбанистички план кој сега е само во почетна фаза и е на јавна анкета, овде се предвидува парковско зеленило.