Градежни работи на патот Велес – Петровец

Денеска ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување термопластични форми на автопат А1, делница Велес-Петровец,тунел Стража во период од 8 до 16 часот за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, времетраење од два дена (до 19.05.2020).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.