Градежни активности на ул. „Народни херои“

Градежни активности ќе се изведуваат денеска на улицата „Народни херои“ во Скопје.

Станува збор за реконструкција на коловозот на улицата на потегот од крстосницата со улицата „Христо Татарчев“ до булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.

Како што соопшти изведувачот на работите, градежните активности ќе се одвиваат еден месец.