Градежен работник почина на градилиште во Радишани

Вчера од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Б.С.(63) од Богданци, кој бил ангажиран за изведување градежни работи на куќа во населбата Радишани.

Имено, според пријавеното, околу 8 часот Б.С. при изведување на работи, паднал од висина и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болница, каде околу 10,45 часот починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.