Град Скопје започна акција за поставување на заштитни столпчиња на улицата „Франклин Рузвелт“

Град Скопје известува дека на барање на граѓаните денеска започнува да поставува заштитни столпчиња на улицата „Франклин Рузвелт“.

Во наредниот период, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе постават околу 200 заштитни столпчиња од двете страни на улицата „Франклин Рузвелт“, на потегот од крстосницата со „Орце Николов“ до пешачкиот премин пред крстосницата со булеварот „Партизански одреди“.

Со поставените столпчиња се става крај на непрописно паркираните возила на овој потег.