Град Скопје: Вода полна со хемикалии ги умре јапонските цреши на „Максим Горки“

Сечењето на јапонските црешни било на иницијатива на Општина Центар затоа што дрвјата биле болни, суви, без можност да бидат спасени и опасни за минувачите, велат од Град Скопје.

- По барање на Општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршија сечење на 14 целосно суви јапонски цреши од едната страна на улицата „Максим Горки“. Дрвјата беа целосно исушени поради габични заболувања и без можност да бидат спасени. Во овој контекст, минатата година општина Центар апелираше до компаниите на оваа улица кога ги чистат објектите да не истураат вода со хемикалии во дрвјата. Дрвјата во состојбата во којашто се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните, велат од Град Скопје.