Град Скопје: Семафорот на кеј е регулација за движење во пешачката зона (фото)

Поставен е семафор на влезот на пешачкиот дел од кејот, веднаш од излезот кон мостот „Слобода“. Шеталиштето не е улица, иако по него често поминуваат возила и тоа не само за дотур на стока до околните дуќани, туку многу почесто и од гостите во кафулињата кои ги оставаат своите автомобили веднаш до местото каде што пијат кафе.

„Семафорите поставени на кејот претставуваат дополнителна регулација и осигурување на режимот за движење во пешачката зона на потегот од рампата до Камениот мост“, велат од Град Скопје.