Град Скопје објави фотографии од дислокацијате на Ќосето

По налог на градежниот инспекторат на општина Центар доцна во ноќта споменикот на Андон Ќосето  беше  отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Општинските служби констатирале дека станува збор за дивоградба.

Постаменот пред  судот осамна празен. На местото каде што стоеше споменикот  ќе биде насадено дрво „За човекови права“ под кое ќе биде изгравиран членот 10 од општата повелба за човекови права на Обединетите нации, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додавајќи дека повеќе нема да бидат толерирани дивоградбите во главниот град.

„На ова место, пред Судската палата, ќе биде засадено дрво посветено на човековите права со изгравирана плочка донирана од збратимениот град Нирнберг на која ќе биде испишан текстот од членот 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации во кој стои „Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд, при одредувањето на неговите права и обврски и во услови на какво и да е кривично обвинение против него“, изјави денес градоначалникот Шилегов.

Градот денес на прес конференција објави фотографии од одстранување на настанот: