Град Скопје: Ќосето го тргнавме рано наутро за да не се загрози сообраќајот

Споменикот на Ќосето беше тргнат рано утрово околу 5 часот од пред Врховниот суд, за да не се загрози безбедноста во сообраќајот. Ова го велат од Град Скопје за Сакамдакажам, за споменикот кој беше тргнат доцна синоќа.

Градоначалникот Петре Шилегов во текот на денов ќе одржи и прес конференција за отстранување на контровезрниот споменик, јавуваат од градските служби.

- „Со дигалка беше изваден споменикот од постаментот. Постапката траеше околу час и половина. Со камион го однесовме во магацините на Металскиот завод Тито“, изјавиле работниците за порталот.