Град Скопје ќе финансира проекти од областа на културата

За остварување на јавните потреби во областа на културата, Град Скопје распишува Конкурс за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес за град Скопје за 2017 година.

Културните дејности, програми, манифестации и финансиските средства за нивна реализација се утврдуваат со годишната програма за култура и со Буџетот на Град Скопје за 2017 година.

На Конкурсот имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Градот Скопје ќе учествува во финансирање на програми, проекти и активности, согласно законската регулатива, врз база на утврдените „Цели и критериуми за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје".

Поднесените пријави треба да ги задоволуваат „Целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интрес на Град Скопје" што се дадени во прилог на Конкурсот објавен на Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.

Пријавувањето на Конкурсот се врши со доставување на пополнета пријава (апликација).
Апликантите, покрај пријавата, задолжително треба да достават документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија не постар од 6 месеци и потврда за отворена и активна жиро сметка.

Пријавите (апликациите) може да се подигнат во Секторот за јавни дејности - Одделение за култура на Град Скопје (барака 2), Архивата на Град Скопје или од Официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.