Град Скопје информира: Сообраќајот под стоковна Мост само по една лента

Град Скопје ги информира граѓаните дека од 14.08.2019 година (среда) до 19.08.2019 година (понеделник) под времен сообраќаен режим ќе биде само потегот од Мавровка кон Влада и ќе се одвива во една сообраќајна лента, а сообраќајот на потегот од Пошта кон Судска палата ќе се одвива нормално.

Знаците за времено водење на сообраќајот на потегот од Пошта до Судска палата ќе останат на булеварот до завршување на работите на тротоарот, а барикадите ќе бидат поставени на работ на коловозот заради безбедност при работа на самиот тротоар.

Фазите на имплементација на времениот сообраќаен режим се со целокупно времетраење од 40 денови, односно од 09.07.2019 до 19.08.2019 година.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.