Град Скопје и експерти од ЕУ работат на детална студија за развивање на нов и еколошки концепт на јавниот сообраќај

Град Скопје заедно со експерти од ЕУ работи на детална студија за развивање на нов и еколошки концепт на јавниот сообраќај.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува студијата да биде готова до септември годинава и треба да го понуди концептот на транспорт на градот што ќе служи во наредните 20 до 30 години.

– Јавниот сообраќај е рак рана на градот. Јасно ми е зошто граѓаните не сакаат да го користат. Во 2018 година се возиме на автобуски линии од 1984 годна. Првата фаза е завршена. Имаме изработено работна верзија. Проектот е готов и неделава ќе се разгледа за да се изработи студија – рече Шилегов.

Тој истакна дека “кинеските автобуси за кои беа платени 60 милиони евра не се функционални ниту според капацитетот на патници, уште помалку според еколошките стандарди.