Грабеж во пошта во Скопје

Непознато лице ограбило филијала на „Македонски пошти“ на ул. „Гоце Стојчевски“ во Скопје вчера околу 13 часот.

Лисето со закана со огнено оружје од вработената го одзел прометот и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.