Грабеж утрово во казино на „Партизанска“

Околу 100.000 денари се одземени рано утрово од казино на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, соопшти МВР.

Кражбата ја извршило засега непознато лице, кое маскирано и вооружено со пиштол и се заканило на вработената, ги земало парите и побегнало.

Случајот е пријавен околу 4:50 часот во Секторот за внатрешни работи- Скопје. Се преземаат мерки за негово целосно расчистување.