Тестото за корнети ќе го направите за миг, а најдобро од сè е што можете да си поиграте со вкусовите кои ги сакате.
СОСТОЈКИ:
2 јајца
65 гр шеќер
30 гр растопен путер
2 лажици млеко
1 лажичка екстракт од ванила
45 гр брашно
прстофат сол
3 лажички сончогледово масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во голем сад измиксајте јајца со шеќер. Додајте путер, млеко и ванила. Постепено измешајте брашно со лажица па додајте сол. Ако ви се чини дека тестото е прегусто, додајте уште малку млеко. Загрејте мала тава на среден оган и лесно премачкајте ја со масло.
Ставете една кутлача од смесата во тавата и формирајте круг како за палачинки. Печете додека не стане златно од двете страни. Тргнете ја тавата од оган и тестото обликувајте го во корнет додека е жешко. Оставете ги корнетите да се изладат, а потоа полнете ги со сладолед.