Готови за 5 минути: Фини домашни намази и сосови

Нема потреба од трошење на пари за купување на паштети за вашите омилени сендвичи и грицки. Секоја маса можете да ја зачините со нов намаз или сос и пријатно да ги изненадите гостите.

Еве неколку предлози за брза подготовка на намази:

1. Пикантен сос за скара

Лукот и краставицата ситно исецкајте ги и ставете ги на страна. Помешајте кисела павлака, јогурт и фета сирење и добро измиксирајте ги и на крајот додадете ги лукот и краставицата. На целата комбинација на крај додадете малку ким и копар.

2. За грицки и грисини

Помешајте крем, буковец, црвена пиперка, сусам и сенф. Миксот зачинете го по желба со сол и бибер. Истиот сос можете да го користите како основа за свинското или телешкото месо.

3. Паштета од грав за тортиљи

Во блендер измиксирајте лук, предходно подготвен грав, маслиново масло и магдонос. По потреба додадете и малку млака вода доколку сметате дека смесата е многу густа.

4. Рибен намаз за брускети

Процедете ја туната, додадете исецкани краставици и по потреба додека ја миксате смесата додавајте маслиново масло за да добиете компактна смеса.

5. Свеж намаз за сендвичи

Во блендер измешајте кромид, лук, домати и магдонос. По желба додајте сол и готови сте.