Може да се сервираат како топло предјадење или вечера во домот или за друштво заедно со добар филм.

Состојки:

Кора

500 гр брашно

100 гр маргарин

100 мл масло

1 јајце

малку сол

½ пакетче квасец

100 мл млеко

1 лажичка шеќер

За фил

200 гр рендано сирење

1 жолчка

100 мл јогурт

сол по потреба

За премачкување

1 белка

малку сусам

Подготовка:

Во 10 мл млака вода помешајте ја лажичката шеќер и квасецот. Оставете да стои десетина минути. Во пластична чинија припремете ги сите останати состојки и додадете го надојдениот квасец. Замесете тесто и покријте со крпа. Оставете да стои околку 1 час на топло.

Надојденото тесто премесете го и поделете го на 2 помали делови. Развлечете со сукало што потенко. Сирењето јогуртот и жолчката добро промешајте ги. Развлеченото тесто премачкајте го со половина од филот.

Намачканата кора завиткајте ја во ролна. Исто постапете и со другата половина од тестото и филот. Штрудлите премачкајте ги со разматена со вилушка белка и ставете сусам. Исечете на маи штрудлички.

Наредете ги во помачкан плех и печете околу 25 минути на температура од 250 степени. Печените штрудлички извадете ги од рерна и покријте со крпа неколку минути.