Одлична погача за вечера која ќе биде на вашата маса за 30 минути!
СОСТОЈКИ:
300 гр бело брашно
3 јајца
240 мл кисело млеко
150 мл млеко
100 мл масло
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во вангла ставете брашно, прашок за печиво и сол, па измешајте и додајте ги останатите состојки. Намастете тепсија и ставете го тестото.
Рерната вклучете ја на 220 степени и откако ќе загрее, ставете ја погачата да се пече додека убаво не порумени. Послужете топла со кајмак, домат и млад кромид.
Добар апетит!