Готова за помалку од 10 минути: Освежителна салата со печурки

Состојки:

Урда(400 Грама)

Лук(2-3 Чешниња)

Мајонез(2-3 Супени лажици)

Маринирани шампињони(2 Шаки)

Буковец

Сол

Суво оригано

Кечап

Подготовка:

Лукот ситно се сечка или се толчи и се меша со урдата, кечапот и мајонезот.

Се додаваат печурките, се зачинува со сол, буковец и оригано и сè добро се промешува додека смесата се соедини.