Гореше автомобил среде Скопје, го изгаснале случајни минувачи

Гореше автомобил среде Скопје. Според информациите на МВР, вчера околу 23:05 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Орце Николов“ од засега непознати причини се запалило патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички сопственост на правно лице од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од страна на случајни минувачи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.