Гореше автомобил на скопјанка

Рано утрово во 4.20 часот во Единицата за информации и команда Скопје, А.Н. пријавила дека на ул. „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје било опожарено патничко возило опел астра, со скопски регистарски ознаки, сопственост на нејзината ќерка К.Б. (40).

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, велат од МВР.