Гордо станувајте после секој пад!

Никогаш не им дозволувајте на луѓето да ви судат поради она коешто сте го прошле, начинот на кој живеете и на кој сте ги преживеале лошите работи...

Луѓето кои го живеjат животот на вистински начин се луѓето кои во својот живот го држат воланот во својот живот и го движат онака како што тие сакаат.

Не можете цел живот да се возите со инструктор. А уште полошо е да живеете според моделот и замислата на оние кои и никогаш не ни биле зад воланот.

Сите имаат право на порази и падови, успеси и подеми.
Но, никој нема право дополнително да го турка оној кој веќе паднал на земја и да го прави тоа преку зборови, лоши погледи, итн.

Но, секој си има право да се однесува како сака. Но, ако вие самите на себе си мислите добро, тогаш постапувајте добро, зрело, самосвесно, храбро. Јас научив дека никогаш не треба да се објаснувам, да се расправам, ниту пак треба да навлегувам во дискусии со луѓето. Не реагирам на погледи преку рамо, злонамерни коментари и слично. Се научив да одам со гордо исправена глава и мртва ладна ги одбивам оние кои имаат амбиции да ми го контролираат мојот живот.

Една од најважните работи – елиминирање. Од своето видно поле, ум и живот, треба да ги отстраните сите луѓе кои се обидуваат да ви го наметнуваат својот систем на живот, систем на вредности, кои ви се мешаат во одлуките, кои ви ставаат сол на рана. Едноставно прекрштајте ги. Избришете ги. 

Многу е полесно да се предадете и да останете долу, да се самосожалувате, но многу подобро е да ја кренете главата горе.