Горда сум што можам да кажам дека мојот дедо беше најдобриот дедо на светот

Кога беше расположен очите му сјаеја, а неговата насмевка ја исполнуваше целата просторија. Кога беше лут гласот му грмеше, а очите му светкаа. Не зборуваше многу, а кажуваше многу. Немаше факултет, а беше еден од најпаметните луѓе на светов.

ше фалбаџија, а им помагаше и на оние на кои им треба помош и на оние на кои не им треба помош. Некои би рекле дека беше скржав, но мене ми даваше сѐ. Некои би рекле дека е многу мек, јас велам дека беше грижлив. Некои се мамини синови, некои се принцезите на тато, а јас од глава до пети бев и останав детето на дедо.

Мајка ми често на шега вели дека да не бил дедо ми, ќе ме немало и мене, мислејќи на тоа дека тој ги поттикнувал мајка ми и татко ми да направат дете што побрзо, па така, кога сум пристигнала на овој свет, јас станав извор на неговиот интерес, уживање и грижа.

Ме учеше да играм шах, па ме оставаше да победам и да се радувам, ме зезаше, па ме тешеше кога ќе се налутев. Ги чуваше сите четки кои му ги носев од рекреативните часови. Тој бил воено дето, роден во скромно и големо семејство во кое децата немале луксуз да бидат во пубертет и затоа имавме проблем кога јас влегов во пубертет. Не сфаќаше како сум се оттуѓила од него, од мајка ми и татко ми, како сѐ поретко доаѓам да го видам, а и кога ќе дојдам гледам побрзо да си отидам, како неговите приказни ми станаа досадни, како сум дрска и немам трпение за ништо.

Сакаше да јаде и да се напие некоја чашка, сакаше и да пуши цигари, но сето тоа си зема свој данок, па по гангрената му беше ампутирана едната нога. Цел живот беше независен и не прифаќаше помош, се грижевме како тоа ќе се одрази на неговото однесување, но тој тука ја покажа својага големина за која мислам дека никој од нас не беше свесен дека ја има.

Упорен и горд каков што секогаш бил, а и голем инаетџија, со протезата фунционираше сосема нормално. Тогаш рече: „Со ова се може, но ако дојде до тоа да останам и без другата нога, попрво би умрел.“ За жал, сомнежите станаа вистина и по две години на мојот дедо му беа дадени две опции, а тој констатираше дека го сака животот и така заврши во количка, која подоцна ја нарекуваше џамбо џет.

Многумина би рекле дека живот со човек со инвалидитет не е лесен, но не и јас. Мајка ми и јас отидовме да живееме со него, моите тинејџерски бубачки веќе одамна заминаа во историјата и јас со цело срце сакав да бидам покрај него. Но, сите мои желби да му помогнам не беа земени предвид. Секој ден по часовите трчав дома за да бидам со него и да му помогнам, а тој само ме праќаше во соба да учам, затоа што тврдеше дека си е скрос супер.

Поминувавме многу време заедно, тој беше моја поддршка, ме поддржуваше во сите мои намери дури и ако не веруваше во нив, одобруваше сѐ што ќе кажев. Се разбиравме и без зборови, а по многу години дознав дека и тој го чувствувал истото. Никогаш не ми кажа дека ме сака, но не ни мораше – секоја негова прегратка зборуваше сама за себе.

Моите другарки го обожаваа и кога ќе дојдеа кај мене, прво со него седеа едно половина час и зборуваа со него. Кога остаре стана неверојатен шегобиец и весел човек. Поради сето тоа, тој за мене беше голем како планина. И потоа се разболе. По осум месеци го нападна онаа болест чие име сите го знаеме. Последните зборови кои си ги разменивме беа:
- „Дедо, ти треба ли нешто?“
- „Не, сине, оди легни си, утре имаш испит, треба да станеш рано.“

Не проаѓа ден без да помислам на тебе. Ми недостига при сите одлуки кои ги носам и при сите грешки кои ги правам и додека ми се случуваат сите убави работи. 100 години немаа да ми бидат доволни за да ги ислушам сите негови приказни и да му го гледам целата  таа гордост во неговите очи додека ме гледа во каква жена израснав. Горда сум и јас, затоа што ја имам среќата и честа да кажам: „Мојот дедо беше најдобриот дедо на светот.“