Горазд Србљак во второ коло на фјучрсот во Тенис Парк

Македонскиот тенисер Горазд Србљак вчера дојде до првата победа на третиот фјучрс турнир во организација на ТК Тенис Парк – Скопје.

Димитар Грабул пак, неочекувано загуби од Борна Гојо од Хрватска, а мечот кој привлече големо внимание на вчера одиграните натпревари беше оној помеѓу Кристијан Месарош од Хрватска и Александар Перфилов од Русија кој заврши со победа Месарош. Изненадување на денот беше јуниорот од Франција Лука Павловиќ кој славеше над србинот Дејан Катиќ со 7-6, 6-4. Поради невремето прекинат е мечот во двојки помеѓу Томислав Јотовски и Предраг Русевски и Љубомир Челебиќ и Дарко Јандриќ. Овој меч продолжува денеска нешто по 15 часот.

Денес на терените на ТК Тенис Парк – Скопје повторно ќе заигра нашиот Горазд Србљак против италијанецот Клаудио Фортуна. Изненадувањето од вчера. Лука Павловиќ денеск игра против британецот Неил Пафли. Уште еден интересен распоред денеска во рамките на Фјучрсот во Скопје. Дојдете во Тенис Парк да уживаме заедно во професионален тенис.