Гонзалез го објави поширокиот список за средбите со Украина и Чешка

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2018 против Украина и Чешка.

Последните две средби од квалификациите за ЕП Хрватска 2018 ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, засега имаат ист број на бодови.

Натпреварот против Украина на гостински терен во Суми, Македонија ќе го одигра на 15 јуни 2017 (19:00 часот), додека последната средба од квалификациите против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје е закажана за 18 јуни (20:45 часот).

ОВА Е ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА ГОНЗАЛЕС