Помина уште еден викенд од ракометната Лига на шампиони, каде што моментално најдобар и единствен тим без пораз е македонскиот и европски шампион Вардар.

Како што е праксата после секое коло, се избираат топ 5 одбраните и головите на колото, а во топ 5 голови се најде македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој настапува за еден од најдобрите европски тимови, Веспрем.

Мајсторијата Манасков ја направи од позиција на пивот, иако неговата природна позиција е лево крило. Манасков една скоро изгубена топка успеа да ја претвори во перфектен гол.

На четвртата позиција се најде Симон Јепсен, кој откако во скок дуел успеа да дојде до топката пред ракометарите на Кил, иако се чинеше дека таа веќе е нивна, успеа да постигне убав гол за вистинско уживање на фановите.

Себастијан Симонет, ракометарот на Адемар Леон, со вистинска мајсторија заслужено се најде во овој избор. Симонет со популарно наречена шрауба постигна гол за уживање на ракометните фанови.

Силниот удар на Алиаксеј Шинкел од Мотор Запорожје, се најде на втората позиција најдобри голови на ова коло, тој ударот го упати откако судијата не досуди очигледен фаул над него.

Соиграчот на Кире Лазаров од Нант, Давид Балагер сосем заслужено се најде на првото место, откако успеа да постигне мајсторски гол после одбраната на голманот на Барса, Гонзало Перез де Варгас.