Големото финале во ракомет ќе се следи на видео бим на скопскиот плоштад

Градот Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар од Ф4 турнирот за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите, каде нашиот РК Вардар денеска во 18 часот ќе ги одмери силите со Веспрем од Унгарија.

За големото финале во Келн, Вардар се избори по големата победа над светскиот гигант Барселона (29-27), додека Веспрем беа подобри од екипата на Киелце (33-30).

По тој повод, Град Скопје на плоштад „Македонија“ на голем видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на РК Вардар и неговата нова европска шампионска титула.

Ова е трет настап на РК Вардар на Фајнл фор турнирите, каде по вторпат ќе се бориме за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.