Големиот синџир продавници за производи во домот Comodita Home се проширува

Големиот синџир продавници за производи во домот Comodita Home се проширува. Во сабота (4 мај) Comodita Home ја отвора осмата продавница во Македонија во Градскиот трговски центар во Скопје. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман производи. 

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 4.229 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, сет чаршафи, сет прекривачи за кревет, сет бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. Новата колекција на додатоци ќе го осветли и разубави секое катче од домот. 

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, Comodita Home ја враќа понудата на дел од асoртиманот „Купи еден производ и земи еден бесплатно“ – можност за сите потрошувачи на Comodita Home да добијат два од нивните омилени производа по цена на еден! 

Но, тоа нема да биде се. Дојдете на 4 мај и откријте ги сите изненадувања и понуди на големото отворање на продавницата Comodita Home во Градскиот трговски центар на првиот кат од страната на плоштад Македонија.