Голема поддршка за кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски во село Љубанци

Голема поддршка и многу присутни граѓани на првиот митинг на кандидатот за градоначалник на Општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски во село Љубанци.

Граѓаните покажаа дека му веруваат на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ дека е вистинскиот човек за да ја води општината кон подобра иднина.

-Голем победнички митинг од победничко Љубанци! Ги започнав митинзите од Љубанци и оттука ќе ја славиме големата победа во прв круг на 15 октомври! Секогаш Работа, Секогаш Македонија ! , напиша Костовски на Фејсбук.