Голема летна забава „Супер Скопје“ со Цена и Гоца Тржан на плоштадот „Скендербег“ (фото)

Продолжи големата летна забава „Супер Скопје“ во Старата скопска чаршија. Вчера програмата започа во 21 часот, на плоштадот „Скендербег“ каде настапуваат повеќе изведувачи: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ.

Денеска, настанот се префрла пред плоштадот „Свети Спас“ каде што во истото време ќе настапат Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц (Студени нозе).

Претходно на овој фестивал настапија и Сергеј Четковиќ и Бајага и инструктори, а на програмата за следниот викенд се поставени најразлични изведувачи од Македонија како Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Нокаут, Игор Џамбазов, а на 8 и 9 септември на забавата на Боемска улица ќе настапат Нино Величковски, Синтезис, Фолтин, Влатко Илиевски, оркестарот Џамбо Агушеви многу други.

 

nike air max 1 sale