Влезот на Скопје од западната страна кон Ѓорче Петров е целиот во чад, а пепел паѓа врз колите што се движат на обиколницата. Голем пожар вечерва го зафати реонот над скопското село Кондово, кој, според жителите, зафатил и неколку куќи.

Според информациите кои ги имаме од терен во село Кондово нема зафатено куќи од пожарот и правецот на пожарот е сменет, село Кондово не е во опасност, екипите работат на терен, велат од Центарот за управување со кризи. Тие најавија дополнителни информации во текот на ноќта.

Но, голем дел од порталите јавуваат дека на терен е навистина страшно. Граѓаните ги напуштаат куќите, а селото е без струја.