Голем пожар во Скопје, пет деца спасени навреме

Пожар избувнал вчера околу 10:50 часот во куќата сопственост на А.Џ.(48) на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, од засега непознати причини.

Од полицијата информираат дека сопственикот во моментот не бил дома, а во куќата биле неговите пет малолетни деца и истите навремено биле евакуирани од страна на соседите.

-Покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на Џ.Х.(26), на Ѓ.Ф.(35) на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на Н.Л.(42) на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на настанот.