Голем пожар беснееше во Аеродром (видео)

Во 01 часот по полноќ пријавено е дека на паркинг на булеварот  „Видое Смилевски Бато“ од засега непознати причини било опожарено патничко моторно возило „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото било на скопјанецот Д.С. а пожарот е изгаснат од страна на противпожарна екипа.

Увид ќе се врши во текот на денот.