Голем месечен хороскоп за aвгуст - еве што ги очекува сите хороскопски знаци

Овен

Среќата на работа нема да ве напушти ниту во август. Новиот производ, проект, реклама, опрема или страна ќе биди она што најмногу ќе ве преокупира во првите две недели од август. Во овој период, особено ќе просперира бизнисот. Ќе бидете подготвени за тимска работа и тоа позитивно ќе влијае врз развојот на вашата кариера. Одлично здравје, кондиција и енергија.

Бик

Пред вас е одличен работен месец во кој ќе успеете да ја поправите финансиската ситуација која беше прилично лоша минатиот месец. Кога сметката на банката ќе биде доволно добра, многу Бикови ќе се одлучат да инвестираат во реновирање на работниот простор и рекламите. Добра здравствена состојба иако со текот на времето ќе имате помалку енергија.

Близнаци

Август ќе биде динамичен месец за сите Близнаци кои поседуваат некаков бизнис, а ќе бара и доста ангажираност и внимателност при извршување на работата. Вклучете го вашето внимание и внимавајте на промените на пазарот, дополнителните законски одредби и монетарната ситуација. Здравјето солидно со малку емоционални потешкотии.

Рак

За вас се создаваат оптимални можности за одлична заработка и постигнување на финансиски максимум за оваа година. Со оглед на тоа што парите и комуникациите се во прв план, поголем дел од месецот ќе се занимавате со распределба на парите како и собирање корисни информации за нови опции кои би можеле да го унапредат вашиот бизнис. Чувствителна група се оние Ракови кои имаат хронични тегоби.

Лав

Пофалби за Лавовите- потрошивте огромна енергија и успеавте да ја докажете способноста за управување и да се изборите со авторитетот во вашата бранша. Одлично ви оди поволниот распоред на планетарни енергии кои ви олеснуваат да го заокружите циклусот со успех и да го зајакнете влијанието.  Невработените Лавови може да добијат работна позиција во последната седмица од август. Одлична здравствена состојба, а вишокот на енергија можете да го потрошите во некој спорт.

Девица

Август за Девиците кои работат ќе биде многу подобар и помалку стресен месец, во споредба со случувањата и непријатностите во претходниот месец. Успеавте во меѓувреме да ги консолидирате вашите сили, да ги зајакнете и прецизно да ги испланирате понатамошните потези, кои ќе ви обезбедат успешна работа. Што се однесува до здравјето, внимавајте на покачувањето на тежината.

Вага

Влегувате во период кога ќе настанат позитивни промени и ќе мора да се одлучите за нови чекори во работата. Ќе добиете поддршка од вашите надредени. Од 22 август ќе се повлечете од јавноста за подобро да ја разгледате ситуацијата, да донесете заклучок и да направите планови и стратегии за идните чекори и напредување на вашиот бизнис. Внимавајте на хроничните тегоби.

Шкорпија

Позитивните космички сили и во текот на август продолжуваат да го поддржуваат успехот на работа и просперитетот на Шкорпиите кои се сопственици на фирми односно агенции и мали и големи компании. Успехот најмногу ќе се гледа низ вашето второ поле кое ќе биде дополнително енергично со влегувањето во него на 2 август. Одличен финансиски успех. Внимавајте на исхраната и намалете го внесувањето на алкохол.

Стрелец

Стрелците во август ги очекува доста динамичен месец полн со обврски и активности. Позитивната планетарна енергија околу вашата кариера покажува дека е време да ги зграпчите сите можности и да го подигнете бизнисот на завидно ниво. Полни сте со оптимизам, енергија и акции.

Јарец

Јарците кои работат во приватни компании ќе успеат да одржат рамно ниво, но со доста борба околу наплатата. Во овој период треба да поработите на реконструирање на финансискиот план и пронаоѓање на начин за сигурна заработка. На почетокот на август ќе добиете корисен контакт за бизнис патување. Помали проблеми со дишните патишта.

Водолија

Успех на работа, но нестабилна ситуација и лоши материјални односи. Ќе ви биде потребно да вложите доста напор и да разработите планови за да пронајдете извор на материјални средства. Ќе имате проблеми со мускулите.

Риби

Август ќе биде плоден и успешен месец за Рибите. Нови шанси за проширување на бизнисот под поволни околности. Посебно успешни ќе бидат сите кои работат на креативно, маркетиншко и организациско поле. Ќе се соочите со несоница.