Голем концерт во Скопје, во иста вечер на иста сцена – Оливер Драгојевиќ и Џибони

На 4 март прв пат во Скопје заеднички концерт ќе имаат Оливер Драгојевиќ и Златан Стипишиќ – Џибони!

Заедничкиот, неколкучасовен музички спектакл е закажан во ВИП Арената Борис Трајковски, а билетите за истиот во продажба ќе бидат пуштени од 20 јануари.

Концертот е во организација на Гуливер Милс.

Двајцата великани на хрватската музичка сцена во Скопје доаѓаат во склоп на турнејата во чии рамки ја претставуваат својата „Фамилија”, односно заедничкиот материјал снимен и инспириран од нивни животни приказни и случки.

Освен темите од новиот материјал Драгојевиќ и Џибони пред домашната публика ќе ги отсвират своите најголеми хитови, а, се разбира, дека се подготвуваат и неколку изненадувања. Бидете сигурни дека Драгојевиќ и Џибони подготвуваат огномент од емоции.