Голем концерт на „Бјело дугме“ во Скопје

Славната рок-група „Бјело дугме“ на 8 април ќе одржи голем концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Концертот е во организација на продукцијата „Авалон“ од каде што потврдуваат дека ќе има само еден концерт, иако интересот е голем.


Картите за концертот се пуштени во продажба, а цената ќе се движи од 700 денари за партер, 990 денари за фан-пит, од 900 до 1.200 за трибини и 1.500 денари за ВИП-ложа.

„Бјело дугме“ во Скопје доаѓа по подолго време, а за оваа пригода подготвен е репертоар со повеќе од 30 хита на групата од нејзината долгогодишна кариера. 

За овој концерт, гитаристот Горан Бреговиќ заедно со пејачите Ален Исламовиќ и Младен Војчиќ-Тифа ќе бидат придружувани од голем хор, гудачки оркестар и од тамбураши што ќе ја збогатат атмосферата.

Инаку, „Бјело дугме“ во Скопје доаѓа по трите распродадени концерти во белградската арена.