Суштината на ваквото проучување не лежи во тоа да се открие што била личноста во претходниот живот, туку да се утврди какви се нејзините сеќавања, зошто има ирационални стравови и најважно – која е нејзината кармичка лекција.

Зошто сте тука каде што сте и која е целта на вашето постоење? Откријте според хороскопот:

Овен
Овој знак укажува дека за време на минатите инкарнации сте биле премногу зависни од туѓите мислења. Од непозната причина сте мислеле дека другите се поинтелигентни од вас, па од тука потекнува чувството на инфериорност. Сепак, со право сте одбрале во сегашноста да имате доволно храброст и да ги браните сопствените уверувања.
Можно е уште да се чувствувате како да не сте доволно сакани. Само со помош на борбеноста и упорноста, ќе дојдете до напредок.
Исто така одбравте да не бидете зависни. Во оваа инкарнација за да бидете среќни, неопходно е да научите како да бидете сами. Неопходно е да остварите било каков вид на независност.
Бидејќи порано повеќе сте ги вреднувале туѓите мислења, сега имате проблем со истрајноста. Во врска со тоа мора да го научите следново – не се плашете да пробате одново и одново.
На добар пат ќе застанете само ако утврдите што сакате, а за тоа е потребна голема самодоверба, без страв од туѓите реакции. Кога ќе ги развиете ваквите ставови, ќе го освоите светот.

Бик
Лекцијата која треба да ја совладате во сегашноста се состои од балансирање на материјалното и духовното. Вашиот претходен живот бил неверојатно духовно богат, но материјално сиромашен. Некои од вас уште го помнат недостатокот на материјални добра, па сега се јавува во облик на ирационален страв од сиромаштија.
Сега сте родени со погрешни уверувања дека духовното и материјалното е невозможно да се спојат. Затоа е важно да научите дека не е потребно да имате многу пари, туку потребно е да знаете што да правите со оние што ги имате.
Препуштете се на напорната работа и дозволете парите природно да си дојде.
Заради тензијата која ја чувствувате на оваа тема, можно е да имате погрешен морален модел. Обидете се емотивната нестабилност да не ја покривате со непотребни трошоци.
Ако научите да бидете целосно искрени кон себе и другите, ќе си помогнете многу. Неопходно е да научите да го сакате своето тело такво какво што е, но и вашиот дух. Оние кои лошо ја сфатиле лекцијата на животот мислат дека парите се замена и решенија на сите проблеми.
Важно е да сфатите дека парите не управуваат со вас, туку вие со парите.

Близнаци
Минатиот живот сте го посветиле на проучување на животот од религиски и филозофски аспект. Сте дошле до ситуација во која сте се изолирале од луѓето, па лекцијата во овој живот е да ги совладате меѓучовечките правилни односи.
Треба да научите како подобро вербално да се изразувате и обраќате. Веројатно досега сте почувствувале многубројни потешкотии при остварување на нови контакти. Сметате дека другите не ве разбираат.
Бидејќи во минатата инкарнација сте биле одвоени од луѓето, можно е сега малку и да им се плашите. Ваша задача е да научите да бидете подруштвени, но не да ги преувеличувате работите, па да ги пласирате погрешно.
Исто така, мора да научите да им кажете „не“ на другите, без оглед на ирационалниот страв дека ќе бидете исмеани и отфрлени од друштвото. Кога сето тоа добро ќе го избалансирате, ќе ја научите лекцијата заради која сте на овој свет.
На Близнаците често им се случува да прекинат веќе стекнати пријателства, без добра причина или конкретен проблем.
Во овој живот мора да научите да остварите искрена комуникација, да ги стабилизирате своите емоции и да не се сомневате во наклонетоста на другите.

Рак
Ваша задача е да научите да остварувате контакти со луѓето и да ги стабилизирате емоциите. Можно е во минатото да сте биле премногу зависни од семејството, па сега ги очекувате истите односи.
Во оваа инкарнација допирате до луѓе кои не сте ги знаеле во минатото, така што меѓу членовите на семејството се чувствувате најсигурно.
Во минатото сте се чувствувале далеку посакани, отколку во овој живот, па големи се шансите да се чувствувате отфрлено. За да го надминете тоа чувство, мора да научите да си припаѓате само самите на себе и да се ослободите од зависноста. За да научите правилно да сакате, не одете против себе, по цена да им удоволите на другите.
Бидејќи сте изразено емотивни, мора да внимавате да не им го расипувате расположението на луѓето околу вас. Мора правилно да ги согледувате работите. Ако некој ви упати критика, тоа не значи дека не ве сака, напротив.
Не смеете да градите лажна сигурност, потпирајќи се на член од семејсвото или брачниот партнер. Вашата лекција е да научите да бидете посигурни и повеќе да се сакате.
Луѓето имаат право на различни мислења, а ваше е да научите дека „не ми се допаѓа твојата кошула“ не е навреда или знак на омраза, туку само изразување на мислењето.

Лав
Во некоја од изминатите инкарнации толку сте ја прошириле индивидуалноста, што сте заборавиле дека другите луѓе постојат. Сега сте тука за да научите дека е важно што мислат и другите луѓе околу вас.
Верувате дека ако премногу се препуштите, може да го изгубите идентитетот. Се плашите за својата индивидуалност и егото, но време е да направите нешто без себичност, полно со љубов и почитување.
Во некоја од минатите инкарнации сте правеле се од љубов, сте ги сакале луѓето, па сега може да имате некој ирационален страв доколку некој ве повредил. Ви треба време за одново да ги засакате луѓето, но вреди да се потрудите.
Не ги избегнувајте односите во кои треба емотивно да се врзете. Вашата кармичка задача во овој живот е да сфатите дека е природно да сакате, како и да бидете сакани. Не смеете да бегате од таквите ситуации. Не сте послаби само затоа што имате некој на кој ќе се потпрете.

Девица
Во претходната инкарнација во нешто сте претерале, па сега мора да научите цврсто да стоите на земја. Лекцијата која треба да ја совладате се состои во тоа да не верувате во се што другите ви зборуваат и да се ослободите од наивноста.
Не се оптоварувајте со тоа кој ја зборува вистината, а кој ве лаже. Не сте родени за тоа да го разликувате и би требало да го надминете ирационалниот страв дека постојано некој ве манипулира.
Вашата лекција се состои во тоа да научите да го слушате сопственото тело. Покрај тоа, неопходно е да научите да преземете одговорност за сопствените постапки.
Луѓето родени во Девица се предадени работници кои се неверојатно успешни. Во позадина, сепак може да се потпираат на поддршката од партнерот и нему да му го препишуваат сопствениот успех. Тоа мора да промени и да научат да се потпираат само на себе, за лекцијата во овој живот да биде успешно совладана.
Не смее да станете студени кон себе, да се изолирате од сопствените желби, бидејќи така ќе се доведете до психички дисбаланс.

Вага
Вашата лекција се состои во тоа да научите да бидете праведни на сите животни полиња. Би требало да научите подеднакво да се вложувате и да барате. Заради сеќавањата од минатиот живот во кој сте имале проблеми со искрените односи со луѓето, чувствувате одбивност кон поголеми групи и недоверба.
За да остварите успешна социјализација, мора да научите да се вложите. Типична грешка која може да ја направите е повторно да не балансирате добро меѓу она што го нудите и она што го барате. Не запаѓајте во крајности.

Не е добро ниту да се чувствувате искористени, ниту да ги користите другите.
Правилно распоредете ги емоциите и енергијата. Можно е во минатиот живот да сте биле изразен индивидуалец, па сега тешко да ви паѓа зависноста од другите луѓе.
Тоа ве доведува до следната потточка и лекција – замолувањето за помош не е најлошото нешто што може да ви се случи.
Мора да им дозволите на луѓето да почувствуваат дека имаат некаква улога во вашиот живот, во спротивно, ќе почувствуваат отпор бидејќи сметаат дека се потребни.

Скорпија
Овде сте за да изградите правилен систем на вредности и да научите да преземете одговорност за сопствените постапки. Во минатиот живот многу сте се грижеле за блиските, па во овој живот имате изразена потреба за грижа за другите, иако тоа никој не го бара од вас.
На вас останува да ги откриете сопствените граници и границите на другите луѓе. Проценливи сте и во се одите до крај.
Во претходниот живот сте научиле што е зло, па во овој живот ви е лесно да го препознаете. Интуитивно знаете што е добро, а што лошо, па затоа мора да научите да му верувате на внатрешниот глас.
Не се обидувајте да манипулирате со другите. Мора да сфатите дека константното контролирање е невозможно и дека таквиот чин не ве прави добри и посакувани.

Стрелец
Дојдени сте на овој свет за да ги разбиете сите предрасуди околу вас. Незаситни сте, сакате да истражувате, да го проширувате знаењето и жедни сте за информации.
Во оваа инкарнација мора да и се спротивставите на минатата. Некогаш сте биле традиционални и со ограничени видици, па на сите сте им се објаснувале за секој чекор во животот. Затоа, во овој живот претрпувате многу конфликти околу вашиот систем на вредности и работи во кои верувате.
Во минатиот живот сте знаеле само една вистина, а сега сте жедни да ги проширите хоризонтите.
Си поставувате најразлични прашања и сакате да откривате мистерии. Истражувањето на туѓите култури е најдобрата работа која може да ја направите како би ги зацврстиле своите верувања.
Кога ќе утврдите дека вие не сте мерка, туку сите прават како што сакаат и веруваат во што сакаат, тогаш ќе започнете мирно да спиете.
Во постојана потрага сте за вистините, чекате одговори, и имате мал проблем со идентитетот. Преку анализирањето на секој и сешто најлесно ќе откриете што ви е потребно лично вам.

Јарец
Тука сте за да ја научите вредноста на добрата репутација. Како да се вклопите во друштвата, како да станете одговорни за своите постапки и како да им бидете корисни на другите. Доколку не ја научите оваа лекција, очекувајте долги периоди на изолација.
Во минатата инкарнација не сте ги сакале луѓето од некоја причина, па пред вас е задача да ги засакате. Престанете да ја одбивате понудената помош и поддршка. Ако сте ладни и безобразни, луѓето можеби ќе ве почитуваат и ќе ви се плашат, но сигурно нема да ве сакаат.
Неопходно е да остварите позитивни контакти со луѓето. За да напредувате, поработете и на трпеливоста. Бидејќи во минатото околината ве контролирала вас, сега настојувате вие да ја контролирате. Внимавајте, контролирањето на другите е тешко и непотребно.
Научете да бидете корисни и да им бидете на располагање на другите. Доаѓате од инкарнација во која сите биле авторитети и над вас, но тоа не значи дека сега вие треба да ја имате таа улога.
Оние кои погрешно ќе ја сфатат задачата, може да станат претерано амбициозни и да веруваат дека сите средства се дозволени за да извојуваат победа. Не му се препуштајте на бескрупулозното однесување.

Водолија
Предизвик ви е да ги одвоите посесивноста и љубомората. Големи се шансите во минатото да сте растеле во некое богато, кралско семејство во кое постојано ви се повторувало „ова мораш да го направиш – во спротивно некој подобар од тебе ќе го направи.“
Мора да научите да го разбиете сопственото его, за да размислувате што е добро за другите.
Задачата која ја имате во овој живот е повеќе да размислувате на луѓето околу вас, отколку на себе и своите блиски. За да напредувате, мора да сакате и почитувате.
Ако сметате дека работите се однапред утврдени и не може да се променат, тогаш нема напредок. Затоа собирате посесивност и љубомора. Чувајте се од предрасуди и верувајте во променливиот тек на настаните.
Да сакате без да барате љубов за возврат е уште една важна, но тешка лекција за вас. Во минатиот живот сте биле сакани затоа што сте имале добра положба, но во овој живот мора сами да ја стекнете.
Во овој живот имате идеална шанса да откриете како изгледа кога човекот е сакан заради она што навистина е. Кога ова ќе го постигнете, тогаш може да уживате во вашите нескротлив дух.

Риби
Во оваа инкарнација сте за да научите како да излезете на крај со емоциите. Во минатиот живот сте биле посебно критични и сте сакале се да биде на свое место. Сега сте тука за да сфатите дека работите се убави и кога се хаотични.
Мора да научите да го слушате внатрешниот глас, но да го разликувате од фантазијата. Не би требало да се плашите од емотивноста и да ги одвоите прстите од земјата.
Важно е и да бидете селективни околу луѓето во ваша близина. Негативно ви влијаат и најситните кавги, бидејќи во минатото сте биле сведоци на бурни недоразбирања. Вие сте луѓе – сунѓери и ја впивате енергијата од околината.
Луѓето родени во Риби го имаат најизразениот и најточниот внатрешен глас, па затоа не смее да го игнорираат. Така може да се повредите и себеси и другите.