Голем интерес за концертот на Влатко Лозаноски

Концертот на Влатко Лозаноски предизвика огромно интересирање кај македонската публика. Организаторите јавуваат за огромна побарувачка на билетите за неговиот концерт, незапаметен интерес за првиот соло концерт на македонскиот пејач и како што информираат веќе е распродаден половина од капацитетот на ВИП арената.

Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Лозано во Скопје. Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен.
Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија.
Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје.
Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на Avalon.mk , соопштуваат оттаму.