Голем хороскоп до 22 мај: Време е Биковите да се откажат од својата тврдоглавост, Раковите добиваат ретка прилика да уживаат во животот

Во оваа лунација на младата Месечина во Бик, ја откриваме смислата  и мисијата на своето постоење. 

Месечината во Бик е трпелива душа, способна за силна предаденост, посветеност, издржливост, но и постојаност. Способноста да истрајува доаѓа од чувството да се наоѓа на своето и да го има тоа што и е потребно.

Биковите генерално ќе имаат јасна свест за себе и поради тоа оставаат силен впечаток на останатите во врска со себе и своите желби. Во ова време, Венера се наоѓа во Близнаци, па време е Биковите да се откажат од својата тврдоглавост, да преминат на едно поинакво ниво на леснотија, споделување со другите и отвореност.

Љубовниот живот кај нив ќе има тенденција да ја промени онаа силна тврдоглава потреба за „конкретни нешта” и ним ќе им стане полека интересна туѓата интелигенција и смисла за хумор. Биковите ќе забележат дека почнуваат да им се допаѓаат личности кои го гледаат животот со отворен ум, кои можеби немаат одговор на сè и кои ве држат во недоумица со своите мали игри.

Универузмот им дава доволно простор за трансформација на Биковите, време е за уживање, но сега на малку поинаков начин.

Близнаците се луѓе на кои никогаш не им е здодевно. Тие поставуваат прашања, но и даваат одговори, но не се лутат ако решите да не учествувате во тоа. Венера престојува во знакот Близнаци од 4 април па во следните 4 месеци. Тоа значи дека сега приоритетот е ставен на комуникацијата, разговорите, размената на идеи, заедничкото учење, но повторно и кај нив, на сосема поинаков начин.

Владетелот на Близнаците долго е заспан во знакот Бик, па сега Близнаците можеби ќе се чувствуваат како да брзаат некаде, за да надокнадат нешто. Но, 25 април ја отвори потребата за елосно рестартирање на системот. Тоа може да донесе мала површност во односите, но и рестартирање на љубовните односи, од 14 мај па понатаму.

Раковите се секогаш во главната улога кога станува збор за младата Месечина. Во оваа лунација на Месечината како нивни владетел, тие делуваат возбудено, но не забрзано. Ова е таа можност која тие ја добиваат еднаш годишно за да уживаат во животот. Сепак, неопходно е да  ја трансформирате својата енергија, а во периодот меѓѕ 10-11 мај ќе имате можност и отворнео да зборувате за своите чувства, каде досега тешко ви беше да се опуштите.

Лавовите некако ќе се призмејат, па престојот на Венера во нивното поле на пријатели ќе им даде фокус на задоволствата и дружењето со пријателите и разменувањето знаења и вештини врзани за работата. Со оглед на тоа дека Сатурн се наоѓа во полето на бракот  и љубовните односи, ова е сериозно време за преиспитување на формалните партнерски односи во кои се наоѓате, особено за повозрасните Лавови.

Младите Лавови ќе добијат поддршка од своите пријатели да надминат некои свои его-принципи во партнерството. Сатурн во Водолија нема да ви донесе ограничувања, но ќе ве научи да ги почитувате другите како еднакви на вас.

Девиците ја имаат младата Месечина во деветото поле на цели и мисии. Но, во нивното поле на љубовта постојано соаѓаат сериозни трансформации и интервенции. Ова е време кога Пепелашка станува принцеза.

Ова е време кога за Девиците е неопходно физичкото искажување емоции, потребата да припаѓаат некаде. Треба да бидете многу внимателни и да не носите нагли одлуки до 25 мај, бидете релаксирани и пуштете ги работите да се случуваат сами од себе, не реагирајте. Тоа е голема лекција за Девиците.

За Вагите, лунацијата се случува во осмото поле на трансформација, секс или туѓи пари (наследство), па извесно време доживувате успех тука. Големи трансформации ве очекуваат на љубовно поле, каде нема да сакате да брзате никаде. 

Венера, владететелката на Вагите ретроградно се движи од 13 мај, каде истовремено почнува ретроградното движење и на Сатурн. Очигледно е потребно малку повеќе време за преиспитување на партнерските односи, врските или пријателските односи. Таа природна потреба, сите работи да се во ред сепак не смее да биде наметната кај другите, бидејќи таа е само ваша, драги Ваги.

Шкорпиите најдиректно се насочени кон партнерските односи. Доаѓа до нагла промена на насоката. Нема да бидете ориентирани кон себеси, туку на околината, здружување и делување кон тоа што им одговара и на другите. Сепак, тука се можни и конфликти со другите, бидејќи ќе проработи вашата бунтовна природа.

Од 13 мај, вашите емоции доаѓаат на многу важен испит, па така доаѓа време кога ќе ја преиспитувате вистинитоста на емоциите и ќе бидете притиснати да се откажете од своите цврсти ставови.

Стрелците до крајот на годината ќе бидат врзани со кардиналниот земјен знак Јарец, што носи длабока промена на генетското наследство. Во полето на бракот и партнерските односи се наоѓа Венера, па можно е да бидете релаксирани од згрчената енергија која ја чувствувавте досега.

Јарците ја имаат лунацијата во полето на љубовта, каде извесно време се наоѓа Уран и каде сите промени се присутни. Владетелот Сатурн го менува својот знак и носи драстични промени во чувствата. Енергијата е толку згусната, така што ни вие, ни другата страна не знае што е најдобро овој момент.

На 28 април, Меркур доаѓа во полето на љубовта каде ќе настане некаков конфликт на емоционално поле. Би било добро да сфатите дека не се сите односи создадени за да траат засекогаш. Некои односи ќе бидат завршени во мај бидејќи ја исполниле својата цел.

За Водолиите е забавно од почетокот на март. Оваа лунација им доаѓа во полето на семејството, каде се наоѓа и нивниот владетел Уран. Во наредниот период, добро би било да направите некој вид надградување или промена на начинот на функционирање. 

Водолиите се личности кои сакаат да се дружат и да се врзат со другите, но само ако некој не им ја краде слободата. Но, трудете се да не ги повредите другите. 

Генерално, одлично ќе ви оди љубовта на социјалните мрежи, па водете сметка ако сте во брак или сериозна врска, да не се заплеткате во нешто непотребно.

Рибите ја имаат лунацијата во третото поле каде доаѓа време да проговорат. Меркур долго беше во знакот Риби, па беше и ретрограден што ги натера Рибите да зборуваат, но само со себе. Време е на виделина да ги изнесете своите потреби и емоции. Имајте предвид дека навистина и немате што да изгубите. 

Можно е мало разочарување на 4 мај, но космичката правда доаѓа за вас преку искреност, отвореност, без глума и без маски. Тие што ќе издржат до август, ќе слават брак, семејство, проширување на семејството, впрочем сè што ќе посакате, а до тогаш вежбајте.

Овните се во фаза на самоисвелување бидејќи Кирон (исцелителот) се наоѓа во знакот Овен веќе некое време. Станува збор за погледнување длабоко во себе, препознавање на сопствените потреби без очекување другите да погодат што е тоа што го сакате вие. Но, внимателно бидејќи престојот на Меркур во знакот Овен до 28 април носи недоразбирање и бури.

Доаѓаат драстични промени за Овните, но тие нема да се случат во еден момент. Тоа е процес, но ова  е време за тоа. Сепак, енергијата на Овните се менува на 14 мај кога Марс влегува во знакот Риби. Ова е голем премин и ништо нема да биде едноставно.