Годишна изложба на основни училишта „ Динка и јас“ во Даут пашин амам

Годишната изложба на основни училишта секоја година им овозможува на најмладите токму преку учество во ликовните работилници да совладат некоја нова ликовна техника, но и да запознаат поубаво некој од нашите најголеми македонски ликовни автори.

Па така тие оваа година се запознаа со ликовното творештво на проф. Константин Танчев Динка, еден од водечките мајстори по дизајн, особено во изработката на плакати и дизајни. Инспирирани од делата на овој ликовен уметник учениците го научија значењето на плакатот во системот на информирање. Во текот на работилниците тие дизајнираа голем број плакати употребувајќи текст и слика од кои произлегува изложбата „ Динка и јас“.

Отворањето е денес во 13 часот, а ќе биде поставена до 27.05.2019 година во објектот Даут пашин амам.