Годишен хороскоп за 2018: Скорпија

Прочитајте што ви носи хороскопот во 2018.

Работа и финансии

Скорпиите ќе се посветат на унапредувањето во кариерата, но самиот крај на годината е одлично време на хартија да ги ставите своите идеи и да почнете нови потфати кои ќе ве инспирираат. Само потребно е да го преземете првиот чекор. Поддршката ќе доаѓа од сите страни, а покрај вас највеќе ќе бидат луѓето од вашето семејство,но и колегите. Имате големи соништа и надежи, а затоа не се плашете да започнете нешто ново, па дури и сопствен бизнис. Вие сте родени претприемачи. Не се жалете на работа и не влегувајте во никакви сплетки, бидејќи од тоа нема да имате никаква корист, а ќе потрошите и голема енергија расправајќи се за неважни работи. Крајот на годината ви носи и поголема плата.

Љубов

Љубовниот живот ќе биде полн со контрадикторности. Држете се до своите ставови и не дозволувајте вашиот партнер да го има главниот збор, бидејќи вие сте тие кои се рационални во врската, додека вашиот партнер сонува и идеализира. Бидете прилагодливи, но не до таа мера за да си го уништите внатрешниот мир. Одвреме навреме ќе сакате малку да се одалечите и да размислите за животните приоритети. Но, за тоа најдобро ќе биде да имате отворен разговор со партнерот.

Во однос на слободните Скорпии, ќе имате многу слободно време и ќе уживате во излегувањата, каде ќе запознаете многу додворувачи. Ве очекува сериозна врска на пролет, кога ќе запознаете темпераментна личност која е многу стабилна, на финансиски план.

Здравје

Умствено сте многу силни, а и физички ќе се чувствувате добро. Но, на крајот на годината можни се одредени вирусни инфекции поради пад на имунитетот. Здравјето  ќе биде добро, но внимавајте на исхраната и не дозволувајте стресните ситуации во љубовта да влијаат на тоа.

Совет: Оваа година ве очекува многу забава, смеење и среќа како никогаш досега. Ќе имате внатрешен мир, но најмногу ќе се радувате на работните успеси и добрата заработувачка. Вашето енергетско ниво ќе биде интензивно и ќе бидете многу смирени. Затоа, вложете ја енергијата за да не дозволите другите да манипулираат со вас.