Годишен хороскоп за 2017 година: Вага

Почетокот на оваа година ќе го одбележи конфликт со постара личност од вашето семејство, кој ќе морате да го решите за да не остави поголеми проблеми во целото семејство. Ќе посакате да се отселите од вашиот дом, а некои пријатели ќе ви понудат дел од нивниот простор. Нивниот гест ќе ви значи многу и ќе се трудите да им се оддолжите.

Ќе морате да се научите да се фокусирате на обврските и покрај личните проблеми кои ве оптеретуваат. Ќе бидете упорни и сигурно ќе го добиете тоа што го сакате. Крајот на годината ќе бидете позадоволни и горди на тоа што сте го постигнале и ќе извлечете корисни поуки од работите кои ви се случуваа во текот на целата година.

Кариера

Вие сте страствена и брзоплета личност која често има конфликти со своите колеги и надредени. Ќе сфатите дека не ве очекува блескава иднина на работното место на кое се наоѓате и затоа голем дел од родените во овој знак ќе дадат отказ. Бидејќи не сте тимски играч, ќе имате проблеми да се вклопите во новото окружување, но средината на годината ќе ви донесе работа која во потполност ќе ви одговара. Самите ќе ги сносите последиците за неуспехот, но и ќе добивате признанија за тоа што го правите добро. Полека ќе напредувате на својот пат кон врвот.

Љубов

На полето на љубовта, ве очекуваат повеќе додворувачи од вообичаено. Нема да знаете за кого да се одлучите и затоа добро е да се распрашате за оние кои ви се допаѓаат. Со многу од тие луѓе ќе се обидете да останете во пријателски односи, но тоа нема да биде возможно.

Вагите кои се во долга врска ќе размислуваат за брак и семејство. Сериозно ќе разговарате со партнерот/партнерката за тоа и ќе сакате да зборувате за заедничките планови за иднината.

Претставниците на овој знак кои се во брак ќе бидат поотворени кон својот брачен партнер.

Кариера

Во 2017 година ќе ја наплатите работата на која бевте посветени во изминатиот период. Во првите неколку месеци ве очекува поголем прилив на средства. Најдобро би било однапред да го испланирате буџетот и кон тоа да се придржувате во текот на целата година. Може да се случи да наследите некаков имот во кој ќе треба многу да вложите. Ќе се обидете да го приспособите за изнајмување и мошне брзо ќе ги вратите вложените пари. Постојано ќе барате нови предизвици, па можно е да започнете нов бизнис со роднина или пријател.

Здравје

Во текот на оваа година постојано ќе бидете на диети кои ќе имаат јо – јо ефект. Ќе сакате преку ноќ да се стекнете со линијата која долги години ја планирате. Вашата телесна тежина ќе осцилира што нема да се одрази добро на вашиот организам. Нема да внесувате доволни витамини и минерали, па може да се случи да бидете анемични. Стресните ситуации ќе ви црпат многу енергија, па само ќе сакате да спиете. За вас најдобро е да почнете да правите вежби со слаб интензитет и да одите на долги прошетки кои ќе ви ја вратат енергијата.