Годишен хороскоп за 2017 година: Шкорпија

Оваа година ќе ви помине во знакот на радоста и ирот. Ќе решите да се откажете од оние кои ве имаат повредено и да им дадете втора шанса на луѓето кои покажале дека навистина се кааат и кои биле коректни кон вас. Тоа ќе се покаже како добар потег, бидејќи најголемиот дел од нив имаат навистина добри намери. Ќе се појави можност да се преселите на територија која отсекогаш ви делувала интересно за живеење. Средината од годината ќе ви донесе потреба да се одалечите од другите и да отпатувате негде каде никого не познавате. Ќе го кренете својот глас против неправдите кои секојдневно ги гледате и ќе ја заштитите личноста која во домот или работното место сите ја напаѓаат. Тоа барем малку ќе ви помогне да се ослободите од товарот од минатото и да престанете себеси да се обвинувате за некои работи на кои сте мислеле дека не можете да влијаете.

Кариера

Во текот на оваа година, конечно ќе добиете признание за трудот и работата во вид на покачување на платата или унапредување. Доброто расположение од вашиот личен живот ќе се пренесе на професионален план. Ќе бидете омилени меѓу колегите и сите со задоволство ќе сакаат да минуваат време со вас. Ќе имате повеќе успех во тимската работа и ќе се истакнете како добар лидер. Крајот на годината ќе ви донесе можност да отидете во странство и таму да работите. Одлуката нема да можете да ја донесете туку така, туку ќе посакате да се консултирате со вашата сакана личност и семејството и заедно да одлучите што е најдобро за вас. Вашите најблиски ќе ви понудат поддршка и воопшто нема да сакаат да се откажете од тоа што ве прави среќни.

Љубов

На љубовно поле, оваа година ќе биде многи возбудлива и непредвидлива. Ќе донесе нови познанства и романси кои нема да траат долго, но сепак ќе ви одговара тоа и вистински ќе уживате. Лицата од спротивниот пол ќе ги привлекува енергијата со која зрачите и ќе бидат задоволни дури и со времето поминато како пријатели.

Доколку сте во долга врска, крајно време е на саканата личност да и покажете што чувствувате. Често ќе оставате впечаток дека тие не ви значат и затоа важно е да се потрудите.

Доколку сте во брак, можно е да имате тајна врска со личност која многу ве привлекува веќе подолго време. Успешно ќе се криете од другите, но ќе сфатите дека со тоа премногу ризикувате и ќе се вратите на своето семејство.

Финансии

На почетокот на годината ќе имате големи трошоци поради што ќе влезете во долгови и минус. Ќе позајмите пари под многу неповолни услови и ќе ви треба многу време да застанете на свои нозе. Неколку месеци подоцна ќе имате прилив на средства кои ќе ги вложите во работата, многу брзо ќе се вратите назад и ќе заработите за пристоен живот. Ќе можете да си го дозволите патувањето кое долго ог планирате, како и други нешта кои ви се важни.

Здравје

Во 2017 година, вашата здравствена состојба и форма ќе бидат на завидно ниво. Од исхраната ќе ја исфрлите брзата храна и грицките кои ги конзумиравте доцна гледајќи филмови. Ќе се обидете да пешачите малку. Со пријателите ќе одите на вежбање и ќе уживате во тоа. Ќе си зацртате себеси оваа година да истрчате маратон и ќе започнете навреме со подготовките. Но, не се форсирајте премногу.